Како изгледа Библија од 18. век?

Повозрасен Американец, кон крајот на деветтото десетлетие од својот живот, му открил на своето семејство дека на таванот е скриена Библија стара скоро 3 века. „Тиктокерката“ Кејти го сними и објави мигот кога нејзиното семејство ја прелистува големата, стара книга со детално изработени написи и илустрации.

„Дедо ми чекаше на 88 години за да ни каже дека имаме Библија стара 300 години на таванот“, напишала Кејти до своето видео. – „Сѐ ова е напишано на германски. Јас не знам да читам германски, не говорам германски, па ако некој бара превод или толкување, тоа не сум јас“, додаде девојката.

Снимката стана хит на интернет и досега собра повеќе од 18,7 милиони прегледи, 3,9 милиони допаѓања и илјадници коментари од следачите.

„Здраво, јас сум библиотекар. Не давајте го ова никому, на ниту една установа. Не продавајте ја без професионална проценка. Буквално вријам од возбуда поради ова богатство, о Боже!”, рече еден обожавател.

„Дали навистина е толку стара? Најстариот датум на списокот е 1844 година. Изгледа повеќе како да е од 1840-тите отколку од 1720-тите“, се надоврза друг следач.

Кејти, сепак, одговори: „Кутијата во којашто ја најдовме (Библијата), беше означена со 1747 година, па отидов со тој датум“.

Ако тоа е вистина, Библијата би била стара 278 години. Во објавата, Кејти објасни дека не очекувала толкаво внимание за видеото. 

Зачлени се на нашиот е-билтен