Каков телефон користи Доналд Трамп?

Фоторепортерите неодамна го забележаа моментот во кој американскиот претседател Доналд Трамп го држи својот телефон. На фотографијата објавена од Reeuters, јасно е дека на заклучениот екран, Трамп има поставено своја слика, со сериозен израз на лицето, покажувајќи со прст директно кон камерата.

Реакциите? Поделени како што се очекуваше. Неговите поддржувачи ја гледаат како силен симбол на лидерство. Од друга страна, неговите политички дисиденти тврдат дека ова е „врвот на нарцизмот“ – бидејќи на сликата во позадина нема семејство, нема знаме, туку тој самиот.

Телефонот што го држи Доналд Трамп е iPhone. Интересно е што претседателот на САД со години користи два iPhone уреди истовремено – едниот за комуникација на социјалните мрежи, другиот исклучиво за повици.

И за време на неговиот прв мандат, Трамп имаше навика да користи одделни уреди со различен пристап до интернет и безбедносни слоеви.

За споредба, Барак Обама беше познат како обожавател на BlackBerry телефоните и со години го користеше BlackBerry 8830 World Edition, на кој имаше инсталиран специјален софтвер. Во договор со Агенцијата за национална безбедност на САД (NSA), Обама го користеше Selectra Edge, уред со Windows Mobile базиран на моделот Plam Treo 750, за безбедна комуникација.

Од друга страна, Џо Бајден користеше iPhone со заштитна маска со златен претседателски печат, кој му го дадоа безбедносните агенции. Поранешниот американски претседател беше виден и како носи Apple Watch на зглобот.

Зачлени се на нашиот е-билтен