Карни: Подготвен сум за разговор со Трамп, но според нашите услови

Фото: Bank of England/Flickr

Новиот канадски премиер Марк Карни изјави дека е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, но само под условите на Канада како суверена држава.

Карни, кој на 9 март стана лидер на Либералната партија и автоматски премиер, посочи дека традиционалниот прв разговор со американскиот претседател сè уште не се случил.

„Јас сум достапен за разговор, но ќе разговараме според нашите услови, а не според неговите тврдења“, изјави Карни во Њуфаундленд, во рамки на кампањата за изборите на 28 април.

Тој ги нарече непочитувачки и некорисни коментарите на Трамп, кој се закани со царини и анексија на Канада, додавајќи дека Трамп веројатно го чека исходот од изборите пред да стапи во контакт.

Зачлени се на нашиот е-билтен