Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот. Келог истакна дека Вашингтон бара долгорочно примирје.
Коментирајќи го напредокот на мировните преговори во последните денови, тој изрази верување дека САД се „во прилично добра позиција кога станува збор за Украинците. „А тридневниот прекин на огнот е апсурден“, нагласи тој, зборувајќи за предложеното примирје од 8 до 10 мај.
Тој додаде дека Трамп се залага за сеопфатен прекин на огнот „на море, воздух и копно“ што ќе трае најмалку 30 дена. „И потоа можеме да го продолжиме“, рече тој.
„Кога ќе погледнете на сè она за што Украинците се подготвени да соработуваат, сега е до Русите, до Путин. Имаме една страна, ни треба другата страна. И мислам дека сме блиску“, продолжи тој.
Путин најави уште едно примирје кое ќе започне на полноќ на 8 мај и ќе трае до полноќ на 11 мај. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека тридневниот прекин на огнот објавен од Кремљ не е доволен, туку дека е потребен праведен и траен мир.
Британската агенција за одбранбено разузнавање верува дека тридневното примирје објавено од Путин по повод Денот на победата има цел да ја прикаже Русија како отворена за преговори и да ги ограничи нападите со долг дострел на Украина.