Ќерката на Ким Џонг Ун го повози татко ѝ со тенк

Ким

Ќерката на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се појави на фотографии како пилотира воен тенк за време на воена вежба, додека нејзиниот татко седеше зад неа, објави државната новинска агенција КЦНА.

Тинејџерката, за која се верува дека има околу 13 години и е позната како Ким Џу Ае, во последните месеци се почесто се појавува во јавноста со севернокорејскиот лидер, објави Ројтерс.

Објавените фотографии го покажуваат како гледа низ отворот на возачот на тенкот, додека Ким Џонг Ун седи на куполата на возилото, а тројца униформирани офицери седат на оклопот.

Порано овој месец, Ким Џу Ае беше видена и на стрелиште, а во друга прилика беше фотографирана како пука со пиштол.

Севернокорејските власти официјално не го потврдија нејзиното име или возраст.

Според КЦНА, Ким Џонг Ун вчера надгледувал вежба на нов тип тенк за кој се вели дека има подобрени офанзивни и одбранбени способности против беспилотни летала и противтенковски ракети.

Зачлени се на нашиот е-билтен