Кина: Ако е војна тоа што САД го сакаат, ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина возврати во вторникот на американското зголемување на царините со објавување нови царини за клучниот увоз на земјоделски производи од Соединетите држави и со воведување дополнителни ограничувања за американските компании. А по говорот на Доналд Трамп се огласи и кинеската амбасада.

„Ако САД навистина сакаат да го решат проблемот со фентанил, би било правилно да се консултираат со Кина и да се третираат едни со други како еднакви партнери. Ако војна е она што САД го сакаат, без разлика дали тоа е тарифна војна, трговска војна или кој било друг вид војна, ние сме подготвени да се бориме до крај“, соопшти кинеската амбасада во САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен