Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кина и Јужна Кореја трагаат по остатоците од урнатата вселенска северокорејска ракета во Жолто Море

Кинески воени бродови спроведуваат операција во водите на Жолто Море каде минатиот месец се урна севернокорејска вселенска ракета, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Британските медиуми пренесуваат дека и јужнокорејската војска спроведува операција за пребарување на остатоците од севернокорејска вселенска ракета во водите кај островот Еочеонгдо, во Жолтото Море.

Ракетата паднала во морето, на местото каде се вкрстуваат ексклузивните економски зони на Кина и Јужна Кореја, а јужнокорејскиот истражен тим успеал да пронајде делови од проектилот, вклучително и голем цилиндричен објект.

-Во однос на кинеските бродови, спасувачката операција моментално се изведува на локација на околу 200 километри западно од Еочеонгдо, на отворено море, изјави Ли Сунг-Џун, портпарол на Здружениот генералштаб на вооружените сили на Јужна Кореја, на денешниот брифинг.

Според него, Јужна Кореја ги разбира активностите на некои кинески воени бродови на отворено море.

-Активностите на Кина не бараа никаков одговор од јужнокорејската страна, рече Ли Сунг-Џун.

Зачлени се на нашиот е-билтен