Кинеската, иранската и руската морнарица ќе одржат заедничка воена вежба наречена „Безбедносен појас-2025“ во март, соопшти кинеското Министерство за национална одбрана.
Маневрите ќе се спроведат во водите во близина на иранското пристаниште Чабахар, а Кина ќе учествува со разурнувач и брод за снабдување.
Според планот, вежбите ќе опфатат гаѓање поморски цели, контрола на штета, како и заедничко пребарување и спасување. Главната цел е зајакнување на воената доверба и унапредување на соработката меѓу поморските сили на трите земји, наведуваат од кинеското министерство.