Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кина најавува построга контрола на увозот на храна од Јапонија

Кинеската царинска управа најави дека ќе ја зајакне контролата на увозот на група прехранбени производи од Јапонија по одлуката на Токио да испушти контаминирана вода од нуклеарната централа Фукушима во морето.

Веднаш по катастрофата во Фукушима во 2011 година, Кина го забрани увозот на храна и земјоделски производи од пет јапонски префектури. Потоа ја прошири забраната и во моментов не дозволува увоз од 10 префектури.

Царинската управа денеска соопшти дека ќе го „зголеми надзорот“ и „ригорозно ќе ги испита“ дозволите за увоз на храна, особено морски производи, од префектурите кои не се опфатени со забраната, за која нагласи дека останува на сила.

Некои јапонски официјални лица стравуваат дека Кина, најголемиот купувач на јапонски морски плодови, би можела да престане да ги купува производите откако Токио ќе почне да испушта контаминирана вода во морето во август.

Со недели Кина силно се спротивставува на овој потег, посочувајќи дека тој ја загрозува животната средина и здравјето на луѓето.

Пред испуштањето, Јапонија планира да ја филтрира водата за да ги отстрани повеќето радиоактивни елементи, со исклучок на тритиумот, изотоп кој тешко се испушта од водата. Неговото присуство во водата треба значително да се намали под нивото дозволено со меѓународните стандарди.

„Легитимноста на одлуката на Јапонија за испуштање на водата е сè уште во голема мера проблематична, како и доверливоста на опремата за прочистување и комплетност на програмата за следење“, соопшти кинеската Царинска управа.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново