Кина прогласи портокалова опасност од дождовни бури

Националната метеоролошка служба на Кина денеска повторно воведе портокалово ново за опасност од дождовни бури, предупредувајќи дека обилни дождови ќе погодат големи делови од земјата, јавија кинеските медиуми.

Од денеска до утре, дожд ќе врне во провинциите Цингхај, Гансу, Внатрешна Монголија, Шанси, Гуангдонг, Хонг Конг, Макао, Фуџијан, Јунан, како и Тајван, соопшти Националната метеоролошка агенција.

Се очекуваат до 350 мм дожд на места во Хебеј, Гуанси, Гуангдонг и источните крајбрежни провинции. Во некои области ќе има кратки врнежи од дожд до 88 мм на час, како и грмотевици и силни ветрови.

Метеоролошката агенција ги повика локалните власти да преземат неопходни мерки, да ги проверат речните системи во градовите и околу обработливото земјиште и да останат подготвени да реагираат при евентуални лизгања на земјиштето. 

Зачлени се на нашиот е-билтен