Кинескиот бренд за електрични автомобили Jiuye, делумно во сопственост на групацијата Geely, сега продава автомобили за само 2.500 евра, по сериозни финансиски проблеми и опаѓачки продажни резултати.
Jiuye првично имаше амбициозни планови со лансирање на луксузни модели, вклучувајќи еден кој ја освои престижната награда за дизајн Red Dot. Меѓутоа, успехот не следеше, а во Кина беа продадени само 14.000 возила. Сега, брендот се наоѓа на прагот на банкрот.
Сопствениците Geely и Baidu наводно одбиваат да инвестираат дополнително во компанијата, што довело до фрустрација меѓу вработените. Во декември, канцеларијата на Jiuye била опколена од гневни работници кои не ја добиле својата плата или отпремнини.
Според кинеските медиуми, финансиските проблеми на Jiuye се пресилни за продолжување на неговото функционирање, а Baidu ја прекинал поддршката по детална анализа во октомври.