Силниот раст на извозот значително ги надмина очекувањата на аналитичарите анкетирани од Ројтерс, кои предвидоа поскромен пораст од 1,9 проценти.
Вкупниот извоз на стоки од Кина во земјите членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) се зголеми за 20,8 проценти, при што извозот во Индонезија скокна за 37 проценти, а во Тајланд за 28 проценти.
Спротивно на тоа, кинескиот извоз во САД во април потона за повеќе од 21 процент, додека увозот од САД се намали за речиси 14 проценти, првенствено поради новиот бран царини што ги започна американскиот претседател Доналд Трамп.
Кинескиот извоз во Европската Унија се зголеми за 8,3 проценти на годишно ниво, додека увозот се намали за 16,5 проценти, објави Си-Ен-Ен.
Во април, Кина забележа речиси непроменето ниво на увоз во споредба со минатата година – пад од само 0,2 проценти, иако аналитичарите очекуваа минус од 5,9 проценти.
Аналитичарите внимателно ќе го следат најавениот состанок на американски и кинески претставници во Швајцарија во текот на викендот, што би можело да биде пресвртница во трговскиот спор меѓу Вашингтон и Пекинг, додава американската медиумска компанија.