Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кинеските власти уапсија пет лица кои го прикривале бројот на жртви во поплавата во Сечуан

Кинеските власти уапсија пет лица под сомнение дека го прикриле бројот на жртвите во поплавата на градилиште во провинцијата Сечуан, објавија денеска државните медиуми во Кина.

Приведени се пет лица вклучени во проектот за изградба.

По истрагата, претставници на локалната власт објавија дека четири лица загинале, 48 се водат како исчезнати, а 149 се спасени во поплавата во округот Џинјанг на 21 август, објавија државните медиуми.

Првично властите во Џинјанг соопштија дека 79 лица се спасени, а шест лица се водат како исчезнати.

Во регионите ширум Кина неколку недели имаше обилни дождови кои предизвикаа смртни случаи, големи поплави и лизгање на земјиштето.

Tags: жртвиСечуануапсени

Треба да знаете
Moже да ве интересира