Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кирби: Касетна муниција е во украински раце, распоредена на терен

Касетната муниција испорачана од САД е во рацете на Украина и распоредена на терен, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

„Добивме некои првични повратни информации од Украинците и тие ја користат доста ефикасно“, рече Кирби на брифинг со новинарите.

Тој додаде дека касетната муниција влијае на руските одбранбени формации и маневрирање.

Украина се обврза дека ќе користи касетни бомби само за да ги отстрани концентрациите на руски непријателски војници.

Касетната муниција, која е забранета во повеќе од 100 земји, обично ослободува голем број помали бомби кои можат неселективно да убијат на голема површина. Оние што не експлодираат се опасност со децении.

Двете страни меѓусебно се обвинуваат за употреба на касетни бомби во конфликтот предизвикан од руската инвазија во февруари 2022 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен