Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кишида ја повика Северна Кореја да го откаже лансирањето на сателит

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја повика Северна Кореја да го откаже планираното лансирање сателит, нагласувајќи дека Токио подготвува систем за противракетна одбрана.

– Лансирањето би било крајно жалосно, изјави Кишида.

Јапонските медиуми објавија дека Северна Кореја најави лансирање на сателит во орбитата меѓу 24 и 31 август. Северна Кореја веќе се обиде да лансира воен извидувачки сателит во мај, но не успеа поради дефект на ракетата која падна во Жолто Море. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново