Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Клеверли: Велика Британија сака да има прагматичeн однос со Кина

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска ја започна посетата на Кина, при што изјави дека Велика Британија сака да има прагматичен односи со Пекинг, но дека ќе остане на своите ставови во кои не се согласува со Кина.

Клеверли прво се сретна со кинескиот потпретседател Хан Женг, кој рече дека посетата дополнително ќе го промовира стабилниот развој на билатералните односи.

Тој рече дека би било грешка обидот да се изолира кинеската економија, како и борбата со климатските промени да се спроведува без придонес од Пекинг. 

Зачлени се на нашиот е-билтен