Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кога е време да ја замените даската за сечење?

Дали сте знаеле дека користењето истрошени кујнски предмети, како што се пластичните даски за сечење, може да биде ризично по вашето здравје? Според експертот за храна, Адам Џејмс Полок, пластичните даски треба да се фрлат веднаш штом покажат знаци на истрошеност.

На платформата X, Полок сподели фотографија од црвена пластична даска со бројни траги од сечење, која речиси целосно побелила. Под фотографијата напиша:
„Ако вашата даска за сечење изгледа вака, веднаш фрлете ја.“

Во својата книга „Sustenance“, Полок објаснува зошто секогаш препорачува дрвени даски за сечење, истакнувајќи дека тие се поздрави и подобри за острината на ножевите.

Истражувањата покажуваат дека бактерии како салмонела и листерија имаат поголеми шанси да преживеат и да се размножат на пластични даски, особено преку ноќ. Наспроти тоа, на дрвените даски овие бактерии се апсорбираат и умираат за неколку минути.

Дополнително, сечењето на пластични даски ослободува микропластика која може да заврши во вашата храна. Истражувањето покажа дека сечењето зеленчук на полипропиленски или полиетиленски даски ослободува микропластика што се лепи за состојките.

Пластичните даски, исто така, можат побрзо да ги отапат ножевите, бидејќи пластиката предизвикува поголемо триење.

Доколку сè уште користите пластични даски за сечење, можеби е време да ги замените со дрвени, пренесува N1 Загреб.

Зачлени се на нашиот е-билтен