Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кој е осомничениот што објави доверливи информации за улогата на САД во војната во Украина?

Весникот Њујорк тајмс синоќа го објави идентитетот на лицето кое веројатно стои зад протечените строго доверливи документи на американската влада, а за што моментално истрага водат Министерството за правда и Пентагон. 

Се работи за 21 годишен војник во Националната гарда на Масачусетс кој служи во военото воздухопловство со ранг авиотехничар (airman). Според весникот, тој бил модератор на приватна група во социјалната платформа Discord, популарна меѓу љубителите на видео игри, каде споделувал доверливи документи. 

Федералното биро за истраги (ФБИ) синоќа го задржа Џек Теишеира (Teixeira) кој е во служба на воздухопловната единица на Националната гарда на Масачусетс. 

Во четвртокот и Вашингтон пост објави материјал во обид да стане малку појасно кој имено поставил на Интернет стотици документи на Пентагон. Весникот укажа дека се работи за помлад службеник кој работел во една од воените бази на САД.  

Во приватна чат група лицето се води под псевдонимот „ОG“. Тој бил лидер и учител на чат групата наречена Thug Shaker Central, во која се наоѓале 20-30 малолетници и млади луѓе кои се интересираат за оружје и видео игри и кои на платформата споделувале расистички слогани. Во групата учествувале лица од САД, Азија и Јужна Америка. 

Според искази на учесници на таа група „ОG“ поседувал оружје, се фалел дека одлично пука и има пристап до доверливи информации. На почетокот тој на групата ги опишувал содржините на документите до кои имал пристап, а потоа почнал да ги фотографира и поставува во чатот. 

Вашингтон пост се поврза со учесник на групата, малолетник, кој раскажал дека е пријател на „ОG“. Новинарите направиле неколку интервјуа со него, со согласност на неговата мајка. Тој кажал дека нема да открие на властите кој е  „ОG“ и каде се наоѓа. 

Во изјавата синоќа платформата Discord објави дека соработува со истрагата.

Си-ен-ен од свои извори соопшти дека од ФБИ го стесниле кругот на осомничени кои според нив можат да бидат вовлечени во протекувањето и во изминатите денови спроведувале распити. И покрај тоа што пристап до документите имала поголема група луѓе, истражителите успеале да го идентификуваат обвинетиот со помош на судско-медицинска трага оставена од него. 

Кривична истрага за овој слуучај спроведува канцеларијата на ФБИ во Вашингтон. 

Од Пентагон синоќа на брифингот не одговорија како можело лице со толку низок ранг да има пристап до строго доверливи информации.

Најново