Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кој ќе биде идниот генерален секретар на НАТО?

 БОРЈАН ЈОВАНОВСКИ

Шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО на денешниот состанок ја отворија темата за членството на Украина во НАТО. Оваа тема се чини како мошне важна за источно европските земји и пред се балтичките држави. Лондон и Вашингтон ненсметаат дека ова тема е сега приоритетна и се залагаат за  силен фокус на итна, практична помош за Киев. Сепак, голем број сојузници на источното крило сакаат да ја приближат Украина до алијансата сега – обид јавно да се сигнализира дека Украина дефинитивно ќе се приклучи на алијансата откако ќе завршат непријателствата. Генералниот секретар Столтенберг по денешниот состанок ги задоволи членките од истокот со изјава дека Украина сигурно ќе биде земја членка на Алијансата потенцирајќи при тоа дека сега не е момент ниту пак Украина е во состојба да му се приклучи на НАТО.

Алијансата треба да оди подалеку од реториката, изјави естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу за POLITICO за време на состанокот на министрите.

Покрај „практичните резултати“, рече тој, НАТО треба „да дефинира јасен патоказ како пат на Украина кон НАТО“. Реинсалу сака да види план што би можел да биде разгледан на самитот на алијансата во 2024 година.

Идејата, рече естонскиот министер, е дека ако војната заврши, алијансата „ќе ја заврши нашата домашна задача, а потоа можеме да ја донесеме одлуката за упатување официјална покана до Украина да стане полноправна членка“.

Но, засега, моментумот се чини дека е на страната на повнимателните, западни престолнини, кои се фокусирани повеќе на помагање на Украина да го надгради својот воен и одбранбен сектор за да ги исполни стандардите на НАТО – но без да дадат конкретни политички ветувања за неизбежен пристап.

На маргините на состанокот се отвори уште една неформална расправа. Стана збор за тоа кој ќе го наследи Норвежанецот Столтенберг кој од Брисел заминува дома во Норвешка на есен. Главна ѕвезда во овие неформални дискусии, како што западните медиуми цитираат анонимни дипломатски извори е актуелната шефица на Европската комисија  Урсула фон дер Лајен.

Идејата за неа се чини логична. Таа има добри работни односи со Вашингтон-што е многу важно. Таа е поранешен министер за одбрана. И како претседател на Европската комисија, таа има искуство да работи со повеќето шефови на влади на НАТО. Плус, доколку биде избрана, таа би станала првата жена лидер на сојузот.

Сепак нема засега нема индиции  дека Фон дер Лајен е заинтересирана за функцијата. Тешко е да се претпостави дека таа би ја напуштила фотељата во Европската комисија за која има мандат до европските избори закажани за 2024 на пролет.

Шпекулациите говорат дека  руската инвазија на Украина го промени НАТО – и сега е мошне важно кој ќе биде идниот прв човек кој ќе ги застапува сите 31 членки во услови на војната во Украина. Војната фрли ново светло на важноста на  алијансата, правејќи ја работата политички почувствителна и повисоко профилирана отколку во минатото. А сојузниците одеднаш се многу повнимателни за тоа кој сакаат да зборува во нивно име.

„Има многу позадински муабети на темава “, рече еден дипломат кој во изјава за Полтико побарал анонимност.  Нема ништо конкретно во оваа  фаза но јасно е дека следниот шеф на НАТО,  треба да биде Европеец кој може тесно да соработува со кој и да е во Белата куќа”

Следниот шеф на НАТО треба да биде некој што ќе ја поддржува Украина, но не е многу радикален во ставот кон Русија  за да ги исплаши земјите загрижени од руски  за провокации

Едно од имињата за сериозен наследник на Столтенберг е и холандскиот премиер М арк Руте.

Холандскиот премиер Руте ги отфрли шпекулациите , велејќи им на новинарите во јануари сака „целосно да ја напушти политиката и да направи нешто сосема друго“.

Упатените, сепак не ја отфрлаат оваа опција и велат дека холандскиот лидер има значајно искуство во работа и промовира цврста трансатлантска врска.

Холандија е, исто така, релативно посветена на одбранбената полтика  – таа е еден од најголемите европски донатори на Украина.

Други кои повремено се споменуваат како можни кандидати се естонскиот премиер Каја Калас и шпанскиот премиер Педро Санчез, а во помала мера и британскиот секретар за одбрана Бен Валас, канадскиот вицепремиер Кристија Фриланд, романскиот претседател Клаус Јоханис и словачката претседателка Зузана Чапутова.

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: НОВАТВ

Треба да знаете
Moже да ве интересира