– Највисоки трошоци за здравствена заштита во ЕУ регистрирани се во Луксембург, а потоа следат Данска и Ирска, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.
Согласно податоците на Евростат, во ЕУ во 2022 година просечно се издвојувале 3,685 евра по жител, вклучувајќи ги и буџетските распределби и сите форми на здравствено осигурување.
Во Луксембург се издвојувале 6,590 евра, во Данска – 6,110 и во Ирска – 5,998 евра.
Додека најмала сума за здравствена заштита се издвојувале во Романија – 858 евра, во Бугарија – 990 и во Полска – 1,137 евра.
Податоците се однесуваат на здравствените услуги што им се пружат на граѓаните, а не се вклучени капиталните инвестиции во здравството.
Исто така, тие не го вклучуваат извозот на здравствени добра и услуги, туку го вклучуваат увозот наменет за здравствена заштита на граѓаните.
Во истражувањето опфатени се и четири членки на групата ЕФТА – Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.
Убедливо најголеми се трошоци во Швајцарија и Лихтенштајн, со 10,374 евра односно 10,021 евра, а потоа следи Норвешка – 8,224 евра и Исланд – 6,500 евра.
Евростат наведува дека во ЕУ од 2014 година издвојувањата за здравствена заштита континуирано се зголемуваат, при што пропорционално најголем раст е забележан во Летонија, Литванија и Романија – 140,5 отсто, 125,6 и 123,1 проценти.
Во 2022 година, учеството на средствата за здравствена заштита во просек изнесуваше 10,4 отсто од бруто националниот производ.
Највисока е во Германија – 12,6 проценти, Франција – 11,9 и Австрија 11,23 отсто. Додека уделот во Луксембург уделот бил 5,6 проценти од БДП, во Романија 5,8, а во Ирска 6,1 отсто од БДП.
Само во шест земји-членки на ЕУ учеството на здравствените расходи во БДП во 2022 година беше помало од пред десет години, а највисоко во Ирска (3,4 процентни поени), Данска (0,8 процентни поени) и Холандија (0,5 поени).