Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Која е најчистата земја во светот

Естонија е прогласена за најчистата земја во светот, благодарение на квалитетот на воздухот, одличното управување со отпадот и зелените еколошки политики. Според извештајот „Воздухот што го дишеме“ на World Population Review, оваа балтичка држава се наоѓа на врвот на глобалната листа со најчист воздух и најуредени урбани средини.

Со ЕПИ-оценка од 75,3, Естонија се позиционира како лидер во одржливоста, надминувајќи ги другите европски земји кои традиционално предничат во оваа област. Индексот за еколошко уредување (EPI) ги зема предвид факторите како што се испуштање стакленички гасови, политики за заштита на животната средина, проширување на шумите и користење на обновливи извори на енергија.

Другите европски држави на оваа листа се:
– Луксембург (ЕПИ 75)
– Германија (74,6)
-Финска (73,7)
– Обединетото Кралство (72,7)
– Шведска (70,5)
– Норвешка (70)
– Австрија (69)
-Швајцарија (68)
– Данска (67,9)

Овие земји се постојано на врвот на рангирањата за чиста околина од 2020 година наваму.

Талин – историски град со зелена иднина

Главниот град Талин е вистинска туристичка атракција, не само поради неговата еколошка свесност, туку и поради богатото културно наследство. Старото градско јадро, прогласено за светско наследство на УНЕСКО во 1997 година, зачувало средновековни градби од 13. век, што го прави едно од најубавите историски места во Европа.

Некои од најпознатите знаменитости во Талин се:

– Кулата „Пик Херман“ – највисокиот дел од дворецот Томпеа, со панорамски поглед на градот.
-Розовата куќа „Стенбок“ – седиште на естонската влада.
– Катедралата „Александар Невски“ – архитектонски бисер во срцето на градот.
– Уметничкиот музеј „Кадриорг“ – сместен во барокниот дворец изграден од Петар Велики.
-Паркот „Кадриорг“ – совршено место за прошетка и релаксација во зелена околина.

Со својата еколошка свест, историски богатства и чиста околина, Естонија продолжува да привлекува туристи кои бараат комбинација на урбано искуство и природна убавина.

Зачлени се на нашиот е-билтен