Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колку пари се потребни за живот во Германија?

Секојдневните грижи како кирија, храна и неочекувани трошоци можат да го зголемат стресот и да влијаат на вашето чувство на среќа. Сепак, финансиската сигурност може да донесе олеснување и да отстрани барем некои од овие грижи.

Повисоките плати, иако можат да ви овозможат годишни одмори, често носат повеќе обврски и помалку слободно време, што може да ја намали вашата среќа. Студијата на Smoney.com го идентификува „бруто приходот на среќата“ во Германија на 81.956 долари годишно, или околу 79.600 евра. Според тоа, разликата помеѓу просечната бруто плата во Германија (околу 51.900 евра) и среќниот приход не е премногу голема во споредба со другите земји.

На глобално ниво, разликата помеѓу среќниот приход во различни земји е огромна – од 8.400 евра во Сиера Леоне до 232.800 евра во Иран. Германскиот праг на среќа, меѓутоа, е многу поостварлив, особено со некои професии кои нудат високи приходи.

Во Централна Европа, бруто приходот кој се поврзува со среќата не се разликува многу од германскиот. Единствено Швајцарија излегува над останатите, со среќен приход од 112.400 евра. Во земји како Полска и Србија, со пониски плати, среќата е поевтина, додека во Данска и Исланд се остварува со повисоки приходи.

Професорот по психологија и директор на Харвардската студија за развој на возрасни, Марк Шулц, објаснува дека парите не можат да обезбедат среќа, но можат да донесат сигурност и контрола во животот. Тој истакнува дека среќата доаѓа преку нашите врски со другите, и дека добрите односи со колегите и пријатната работна атмосфера играат клучна улога во благосостојбата на поединецот.

Зачлени се на нашиот е-билтен