Француската министерка за надворешни работи, Кетрин Колона ги негираше денеска обвинувањата од новата нигериска хунта дека Париз планира воена интервенција во Нигер.
Тоа е погрешно, изјави Колона за БФМ.
Таа додаде дека сè уште е „можно“ и „неопходно“ да се врати соборениот претседател Мохамед Базум на власт.