Конгресот на САД денеска во Вашингтон ќе одржи седница за официјално потврдување на резултатите од претседателските избори, што претставува последен чекор во процедурата пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата подоцна овој месец.
Минатата година, поддржувачите на Трамп насилно упаднаа во Капитол, обидувајќи се да го оспорат потврдениот резултат од изборите во 2020 година, на кои победи демократот Џо Бајден. Оваа година, по убедливата победа на Трамп на ноемвриските избори, се очекува седницата да помине мирно, пренесува ДПА.
Демократската потпретседателка Камала Харис, која изгуби на изборите против Трамп, ќе го објави конечниот резултат како претседавач со Сенатот, водејќи ја заедничката седница на двата дома на Конгресот.
Трамп освојува 312 изборни гласови, додека Харис доби 226. Во текот на состанокот ќе се прочитаат и пребројат резултатите од поединечните сојузни држави.
Иако членовите на Конгресот теоретски можат да поднесат приговори на резултатите, ова не се очекува да се случи оваа година. Инаугурацијата на Трамп е закажана за 20 јануари.