Кос: Парите од Планот за раст треба да се искористат за клучни реформи и подобар живот на граѓаните

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, им честиташе на Македонија и Албанија за успехот во рамките на Планот за раст на Европската унија, истакнувајќи дека двете земји го поставија темпото за целиот регион со обезбедување на предфинансирање од оваа програма.

Во објавата на социјалната мрежа „Х“, Кос наведе дека оваа иницијатива треба да го поттикне спроведувањето на клучни реформи, да ја стимулира економијата и да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, истовремено приближувајќи ги овие земји до Европската унија.

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, изрази загриженост за можноста од нови предизвици по уставните промени, по што се утврдуваат условите за продолжување на преговорите со ЕУ.

Во меѓувреме, Македонија доби први 52,4 милиони евра од вкупно предвидените 750 милиони евра за поддршка на реформите. Европската комисија веќе примила барање за ослободување дополнителни средства од над 17 милиони евра за спроведување законски измени во областа на финансиската контрола, буџетите, трговските друштва и пополнувањето на испразнетите места во судството и обвинителството.

Зачлени се на нашиот е-билтен