Крајнодесничарската партија „Еврејска моќ“ објави дека ја напушта израелската владина коалиција предводена од Бенјамин Нетанјаху.
Лидерот на партијата и министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир утре ќе се повлече од функцијата министер за национална безбедност, објавија израелските медиуми.
Повлекувањето доаѓа поради договорот за прекин на огнот со Хамас.
„Партијата ‘Оцма Јехудит’ утре наутро ќе поднесе оставка од владата и коалицијата, а министрите Бен Гвир, Јицак Васерлауф и Амичаи Елијаху, како и Пратениците Звика Фогел, Лимор Сон Хар-Мелех и Јицак Кројзер ќе ги напуштат своите позиции“ објави владата.
Бен Гвир претходно во четвртокот ја изрази својата намера да поднесе оставка од функцијата министер за национална безбедност и неговата партија да ја напушти коалициската влада доколку се одобри договорот со Хамас.
Израелската влада одобри прекин на огнот и договор за размена на затвореници за време на неколкучасовниот состанок на владата.