Поради здравствената состојба на Папата Франциск, британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила ја откажаа планираната посета на Ватикан.
Како што соопшти Бакингемската палата посетата се откажува бидејќи лекарите му препорачале долг период на опоравување на папата Франциск.
Папата беше примен во болницата Гемели во Рим со бронхопневмонија на 14 февруари и остана таму пет недели. Тој беше отпуштен од болница во неделата.