Британскиот крал Чарлс Трети денес им се насмевнал на собраните луѓе кои чекале да излезе од болницата, по неговата хоспитализација поради привремени нуспојави поврзани со лекувањето на рак. Бекингемската палата се извини поради одложувањето на кралските обврски.
Откако се вратил дома во Кларенс хаус, било соопштено дека кралот е во добро здравје и дека ги извршува своите работни обврски, јавува Гардијан.
Извор за британскиот весник ја опишал хоспитализацијата како „мала непријатност“, а прес-службата на Бекингемската палата објавила дека се не работи за значаен настан и дека не се очекуваат нови информации во врска со здравјето на кралот.
Бекингемската палата истакнала дека посетата на болницата била рутинска и дека не било потребно никакво итно медицинско интервенирање. Очекувањата се дека кралот следната недела ќе продолжи со своите јавни ангажмани, додека неговата посетата на Бирмингем, која беше планирана за денес, е откажана.
Од палатата додаваат дека кралската посета на Италија во април ќе се одржи со некои измени во програмата, додека посетите, вклучувајќи го и Ватикан, ќе бидат одложени поради здравствената состојба на папата Франциско.
Во февруари 2024 година, Бекингемската палата објави дека кралот Чарлс има дијагностицирано рак и дека започнал со лекување.