Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, изјави за време на разговор со новинарите утрово кога се очекува телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп денес.
„Телефонскиот разговор меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, е закажан за 17:00 часот по московско време (16:00 часот во Македонија), јави ТАСС.
„Секако, разговорот е важен, имајќи ги предвид разговорите одржани во Истанбул“, рече Песков, пренесуваат руските медиуми.
Тој додаде дека јавноста ќе биде информирана за деталите по разговорите.
Да ве потсетиме дека пред денешните разговори со Путин, Трамп вчера разговараше по телефон со лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Италија во обид да се стави крај на конфликтот во Украина, објави британската влада.