Kyiv Independent за средбата Трамп–Путин: „Одвратно. Срамотно. И на крај – бескорисно“

Украинскиот портал Kyiv Independent објави остар коментар за самитот меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска, оценувајќи го како „одвратен, срамен и на крајот – бескорисен“.

„Трамп не доби ништо од тоа што посакуваше. А Путин? Тој доби сè,“ пишува во текстот. Според порталот, рускиот претседател уште од пристигнувањето на американска територија бил „сиот во насмевки“, а средбата го претворила од меѓународен изоптеник во лидер на кој американскиот претседател му оддава почести.

Во коментарот се потсетува и на студениот прием што украинскиот претседател Володимир Зеленски го доживеа во Овалната соба пред шест месеци, во споредба со „размазеноста“ со која бил пречекан Путин.

„Украинскиот претседател беше јавно понижен. Рускиот беше разгалуван. Двата призора беа срамотни,“ наведува редакцијата.

Kyiv Independent додава дека Трамп не сфаќа една суштинска работа: „Путин не ја гледа Украина како предмет на преговори. Тој ја гледа како дел од Русија, точка. За Путин и неговата внатрешна екипа, украинската независност е историска грешка која мора да се исправи.“

Зачлени се на нашиот е-билтен