Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лагард: Европа да се подготви како да одговори на промените во американската трговска политика

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, изјави за CNBC дека Европа мора да биде „подготвена“ и да ги предвиди потенцијалните трговски тарифи што може да ги воведе новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Според неа, иако Трамп не наметнал сеопфатни тарифи на првиот ден од неговото претседателствување, тој ќе се одлучи за пофокусирани и селективни тарифи, што е „паметен пристап“.

„Она што треба да го направиме овде во Европа е да бидеме подготвени и да предвидиме што ќе се случи за да можеме да одговориме на овие промени“, истакна Лагард на Светскиот економски форум во Давос.

Трамп се закани со воведување царини на стоките увезени во САД од Европската унија, посочувајќи дека ЕУ била „многу лоша за нас“, и нагласувајќи дека ќе бидат воведени тарифи.

Европскиот економски комесар, Валдис Домбровскис, одговори на ова, изјавувајќи дека Европската унија ќе реагира „пропорционално“ ако биде потребно да се заштити економскиот интерес на блокот.

Лагард додаде дека Европа треба да работи на отстранување на бариерите за трговија во внатрешниот пазар, нагласувајќи дека, и покрај амбициите за создавање единствен пазар, постојат бариери кои го попречуваат слободното движење на стоки и услуги. Според неа, тоа е еден од начините како Европа може да одговори на промените во американската трговска политика.

„Бидете силни дома и работете на тоа да се тргува, продава и купува дома“, заклучи Лагард.

Зачлени се на нашиот е-билтен