Лавина во Непал погоди планинарски камп, загинаа седум лица

Седум лица, меѓу кои пет планинари и двајца водичи, загинаа денеска во Непал, откако лавина го погодила кампот на планинари на планината Јалунг Ри, соопштија локалните власти.

Според информациите на непалската полиција, уште пет лица кои се наоѓале во кампот се повредени.

Во моментот, екипи на спасувачи се обидуваат да стигнат до местото на несреќата, отежнато од неповолните временски услови и тешкиот планински терен.

Зачлени се на нашиот е-билтен