Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лавров: Авионите Ф-16 ги сметаме за нуклеарна закана

 Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека доставување на воените авиони Ф-16 на Украина за Москва значат нуклеарна закана.

– Самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи ќе го сметаме за закана од Западот во нуклеарна смисла. Русија не може да ја игнорира способноста на тие авиони да носат нуклеарни боеви глави, изјави Лавров во интервју за онлајн весникот Лента.ру.

Тој додаде дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.

– САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици, предупреди Лавров.

САД во мај одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број сè уште не се утврдени. Украина минатата недела соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.

Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.

Зачлени се на нашиот е-билтен