Новиот француски премиер Себастијан Лекорњу поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.
Лекорњу ја поднесе својата оставка до претседателот Емануел Макрон, кој ја прифати, соопшти Елисејската палата.
Речиси четири недели по неговото назначување, Лекорњу дури синоќа ја објави распределбата на клучните министерства, но лидерот на конзервативните републиканци, Бруно Рејто, го изрази своето незадоволство од составот на новиот кабинет и свика кризен состанок за денеска, пренесува германската агенција .
Како резултат на тоа, се појавија шпекулации за можно повлекување на конзервативците од коалицијата со центристичкиот табор на Макрон, кој нема парламентарно мнозинство.
Лекорњу требаше утре да даде владина изјава пред Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание, и да ги открие преостанатите позиции во кабинетот, потсетува ДПА.