Летонскиот претседател: Европа мора да воведе задолжителен воен рок

Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс, изјави дека европските земји мора да воведат задолжителен воен рок и да ги зголемат трошоците за одбрана.

„Европските земји апсолутно мора да воведат задолжителен воен рок. Европа во воена смисла е прилично слаба“, рече тој во интервју за Sky News.

Летонија веќе презеде таков чекор, воведувајќи задолжителен воен рок за мажи во 2023 година. За оваа година, земјата издвојува 1,55 милијарди евра за одбрана, што изнесува 3,45% од бруто домашниот производ. Ринкевичс нагласи дека оваа одлука треба да ја следат и други европски држави.

Тој истакна дека Европа не може да се потпира единствено на САД за својата безбедност, особено со оглед на променливите односи меѓу двете страни. Според него, барањето на Вашингтон за поголеми трошоци за одбрана во рамки на НАТО е оправдано.

„Јасно ни е дека немаме доволни воени капацитети, но исто така ни е јасно дека треба да ги надградиме. Треба да се фокусираме на нашата задача – зголемување на трошоците за одбрана, иако постојат разлики со САД во однос на пристапот кон Украина“, изјави Ринкевичс.

Зачлени се на нашиот е-билтен