Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Летонскиот претседател Ринкевич ги почна партиските консултации за нова влада по оставката на премиерот Каринш

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич денеска ги почна разговорите со претставниците на седумте партии застапени во летонскиот Парламент за формирање нова влада, неколку дена по оставката на премиерот Кришјанис Кариш, јави ДПА.

Каринш оставката ја поднесе во четвртокот, што, според Уставот, значи автоматски крај на неговиот владин кабинет.

Владината администрација, што беше соборена поради коалициски спор, привремено ќе остане на функцијата се додека новата влада не положи заклетва.

Ринкевич, чиј мандат како претседател вклучува и назначување нов премиер, ја постави главната цел за новата влада – до 2030 година Летонија да го достигне просечното ниво на благосостојба во ЕУ, пренесува ДПА.

Каринш предводеше трипартитна коалиција вклучувајќи ја неговата Либерално-конзервативна партија „Ново единство“ (Jaunā Vienotība), конзервативната Национална алијанса и центристичката Обединета листа.

Коалицијата не успеа да опстане откако премиерот се обиде во неа да вклучи и две левичарски опозициски партии против желбите на неговите партнери, пренесува германската агенција.

Летонија е членка и на Европската унија и на НАТО и се граничи со Русија и Белорусија.

Зачлени се на нашиот е-билтен