Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерот на ЦСУ: Време е Зелените да одат во опозиција

Фото: X/@Markus_Soeder

Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) е против формирање влада со Зелените, истакнувајќи дека новата влада може да се формира и без нив.

Лидерот на ЦСУ, Маркус Зедер ја повтори оваа заложба против зелените по прогласувањето на победа од страна на сојузот ЦДУ/ЦСУ вечерва.

„Релативно е јасно дека можеме и без Зелените“ рече Зедер на собир во Берлин, додавајќи дека остануваат на својата позиција дека оваа партија треба да премине во опозиција.

ЦСУ и нејзината сестринска партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), најверојатно ќе ја формираат следната влада предводена од нивниот кандидат за канцелар, Фридрих Мерц, јави ДПА.

Во заедничко обраќање со Мерц, Зедер му порача: „ЦСУ останува на твоја страна“.

Иако патот до формирање влада нема да биде едноставен, Зедер нагласи дека ЦДУ/ЦСУ имаат „вистински компас, вистински идеи и вистински лидер со цврстина за справување со предизвиците“, кој може да ја врати Германија во силна позиција.

Зачлени се на нашиот е-билтен