Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Лидерот на Гренланд подготвен да разговара со Трамп

Гренландскиот премиер Муте Егеде во петокот рече дека е подготвен да разговара со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој рече дека сака контрола над арктичкиот остров и повика да се почитуваат аспирациите за независност на островот.

Трамп, кој ја презема функцијата на 20 јануари, ја опиша американската контрола врз Гренланд, полуавтономна данска територија, како „апсолутна неопходност“. Тој не ја отфрли потенцијалната употреба на воени или економски средства, вклучувајќи ги и царините против Данска.

На прес-конференцијата во Копенхаген, на прашањето дали имал контакт со Трамп, Егеде одговори: „Не, но ние сме подготвени да разговараме“.

Данската премиерка Мете Фредериксен, која исто така се обрати на прес-конференцијата, во четвртокот рече дека побарала средба со Трамп, но не очекувала тоа да се случи пред неговата инаугурација.

Гренланд, дом на 57.000 луѓе, беше данска колонија до 1953 година, но сега е самоуправна данска територија. Во 2009 година го обезбеди правото да бара независност преку гласање.

САД одржуваат воена база во северниот дел на стратешки важната територија.

Егеде ги нагласи аспирациите на Гренланд, велејќи: „Ние имаме желба за независност, желба да бидеме господар на нашата куќа… Ова е нешто што секој треба да го почитува“.

„Но, тоа не значи дека ги прекинуваме сите врски, сета соработка и сите односи со Данска“, рече тој.

Движењето за независност доби на интензитет во последниве години, за што Егеде зборуваше во неговиот новогодишен говор.

Зачлени се на нашиот е-билтен