Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Литванија, воочи Самитот на НАТО, цел на кибернапади

Литванија, еден ден пред Самитот на НАТО во Вилнус, е цел на кибернапади, соопштија властите на балтичката држава.

Кибернападите беа насочени кон веб-страниците на градот Вилнус, вклучувајќи туристички информации и апликација за јавен превоз.

Литванскиот Национален центар за кибербезбедност соопшти дека соработува со разузнавачките агенции и полицијата, како и со странски партнери.

Центарот објави дека вчера добил извештај за два кибер инциденти, вклучително и хакерски напад врз регионална радиостаница. Работата на таа станица беше прекината со дистрибуција на дезинформации за НАТО и Украина.

И литванскиот телекомуникациски оператор Телија денеска извести дека имало хакерски напади врз литвански институции и јавни претпријатија преку мрежата Телеграм.

Зачлени се на нашиот е-билтен