Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мадуро: Венецуела сака да биде дел од БРИКС

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја е заинтересирана за членство во БРИКС.

– Ако нè прашаат дали Венецуела сака да биде дел од БРИКС, ние велиме дека сакаме да бидеме скромен дел од БРИКС и да бидеме во чекор со променливата геополитичка ситуација, истакна Мадуро на вчерашната заедничката прес-конференција со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула де Силва.

Тој додаде дека БРИКС може да помогне во консолидирањето на јужноамериканските нации и дека организацијата „како магнет привлекува држави кои сакаат мир и соработка“.

– Повеќе од 30 земји веќе аплицираа за членство во БРИКС, наведе Мадуро.

Силва вети поддршка за кандидатурата на Венецуела во БРИКС, каде земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Зачлени се на нашиот е-билтен