Маѓар во водство според неофицијалните анкети од изборите

Опозициската партија Тиса, со лидерот Петерм Маѓар се наоѓа во значајна предност во однос на владејачкиот Фидес, покажуваат неофицијалните анкети, пренесуваат унгарските медиуми.

Според Index.hu, порталот Telex добил нови, ексклузивни податоци од 21 Research Center, според кои Тиса има поддршка од 55 отсто, додека Фидес има 38 отсто поддршка, што претставува разлика од 17 процентни поени и укажува на можност за двотретинска парламентарна предност.

Според тие прелиминарни проценки, Тиса би можела да биде на пат кон изборна победа, со висока излезност која се проценува на околу 3,2 милиони гласачи. Сепак, експертите предупредуваат дека двотретинско мнозинство сè уште не е извесно.

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, изрази оптимизам во врска со изборниот резултат, истакнувајќи дека рекордната излезност покажува дека на гласачките места излегле повеќе од шест милиони граѓани на Унгарија, кои овие избори ги сфатиле како исклучително значајни.

Тој порача дека „Унгарците повторно пишуваат историја“.

Зачлени се на нашиот е-билтен