Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мајк Џонсон старо-нов спикер во Претставничкиот дом на САД

Мајк Џонсон беше реизбран за спикер во Претставничкиот дом во САД, откако целиот ден помина во неизвесност за тоа дали Републиканците ќе успеат во својата намера.

На крајот за Џонсон не гласаа само тројца републиканци и покрај шпекулациите дека можеби ќе му недостигаат гласови или дека ќе мора да мине низ неколку кругови гласање за да ја обезбеди функцијата. По заднинските преговори, двајца од тројцата кои првично беа против, ги променија своите гласови во негова корист.

Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом, па поради тоа Џонсон можеше да си дозволи да изгуби само еден глас доколку сите гласаа по партиска линија и според претходните најави. Претставникот Томас Маси (Републиканец од Кентаки) претходно најави дека нема да гласа за Џонсон.

Сепак, Џонсон ја имаше поддршката од Трамп и ја поврза својата политичка судбина со онаа на законодавната агенда на Трамп, за која републиканците се надеваат дека брзо ќе почнат да ја спроведуваат оваа година. Иако медиуми известија дека Трамп бил критичен кон Џонсон поради начинот на кој го реши привремениот буџетски договор на крајот од годината, Трамп јавно го поддржа Џонсон и тоа го направи повторно денеска.

„Победата на Мајк денеска ќе биде голема победа за Републиканската партија и уште едно признание за најважни претседателски избори во 129 години!“ напиша Трамп на социјалните мрежи.

Републиканците денес се спасија од повторување на 2023 година, кога иако имаа контрола во Домот, им беа потребни 15 круга гласање за да го изберат тогашниот претставник Кевин Мекарти (Републиканец од Калифорнија) за претседател. Мекарти направи отстапки за да ја добие функцијата, но на крајот беше сменет во октомври истата година.

Џонсон интензивно лобираше кај своите колеги и до доцна синоќа во обид да обезбеди победа уште во првиот круг.

Зачлени се на нашиот е-билтен