„Make Chile Great Again“: Безбедноста и миграцијата доминираат во најнаполаризираните избори во Чиле во последните децении

Чиле се подготвува за едни од најнапрегнатите избори во поновата историја, во атмосфера на длабока политичка поларизација, растечка загриженост за безбедноста и заострена реторика околу миграцијата. Во недела, 16 ноември, граѓаните ќе избираат наследник на претседателот Габриел Борич, кој според уставот нема право на непосредна реизбор.

Иако Чиле долго време важеше за една од најбезбедните држави во Латинска Америка, порастот на транснационалниот организиран криминал по 2021 година драматично ја промени перцепцијата на јавноста. Според Светската банка, земјата во 2023 година имала стапка на убиства од 6 на 100.000 жители – релативно ниска за регионот – но зачестените киднапирања, изнуди, нарачани убиства и вооружени грабежи, поврзани со групи како „Трен де Арагуa“, го ставија прашањето на безбедноста во фокусот на изборната кампања.

Кои се главните кандидати?

Анкетите на врвот ги позиционираат тројцата кандидати со најостра реторика за борба против криминалот и нерегуларната миграција:

Жанет Хара, кандидатка на обединетата левица и членка на Комунистичката партија, прва комунистка што предводи заедничка левичарска листа. Таа ветува зајакнување на полицијата, изградба на нови затвори и продолжување на безбедносните политики на Борич, вклучително и новото Министерство за безбедност.

Џозе Антонио Каст, кандидат од крајната десница, кој во 2021 беше блиску до победа. Кампањата ја гради на остар антимиграциски став, предлог за зајакнати граници, масовни депортации и поголемо полициско присуство.

Јоханес Кајзер, радикален либертаријанец и најголемото изненадување на изборите. Со агресивна реторика и кампања инспирирана од Доналд Трамп, капчиња „Make Chile Great Again“, знамиња и гласна музика – тој добива сè поголема поддршка кај незадоволни гласачи.

Од социјални протести до страв од криминал

Четири години по масовните протести во 2019 година, кои ја потресоа државата и се насочија кон прашања на нееднаквост и реформи, приоритетите на граѓаните радикално се променија. Денес доминира гневот против организираниот криминал и нерегуларната миграција, теми што ги туркаат гласачите кон кандидатите со поекстремни ставови.

Политичките аналитичари предупредуваат дека младите гласач околу 25% од избирачкиот список ќе играат клучна улога. „За нив најважни се кредибилитетот и конкретните резултати“, изјави политикологот Гиљермо Холцман за АП.

Со 15,7 милиони гласачи и задолжително гласање, Чиле влегува во избори што би можеле длабоко да ја променат политичката сцена. Анкетите сугерираат дека никој кандидат нема да освои над 50% од гласовите, што го прави речиси извесно вториот изборен круг на 14 декемвр веројатно меѓу Каст и Хара.

За многумина, решавачкото прашање не е веќе економскиот модел или општествените реформи, туку безбедноста. А исходот од неделните избори би можел трајно да го пренасочи политичкиот курс на земјата.

Извор: Euronews

Зачлени се на нашиот е-билтен