Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Макрон ги собира европскте лидери на итен состанок во Париз

Фото: Remi Jouan, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons


Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани европските лидери на состанок во Париз вo понеделник, изјави денеска во Минхен полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Состанокот се планира во време кога дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп за мировен договор за Украина ги загрижуваат европските партнери на Киев.

„Полскиот премиер Доналд Туск во понеделник ќе отпатува на состанок на европските лидери во Париз, на покана на претседателот Емануел Макрон. Мора да ја покажеме нашата сила и единство“, напиша Сикориски на платформата Иск.

Претставникот на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, денеска на безбедносната конференција во Минхен им рече на Европејците дека нивното вклучување во разговорите за ставање крај на војната во Украина „нема да се случи“.

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Каја Калас за утре закажа неформална средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ присутни во Минхен. Калас рече дека на средбата ќе се разговара за резултатите од неодамнешните контакти со американските и украинските претставници.

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ноел Баро за време на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европа мора да направи тежок избор и да се жртвува, за да се справи со заканите против неа и да ја гарантира својата безбедност.

– Мораме да се подготвиме. Ни претстојат тешки денови, мора да донесеме тешки одлуки, па дури и жртви што не ги очекувавме претходно, за да ја гарантираме нашата безбедност – рече Баро.

Тој додаде дека по разговорот со американскиот државен секретар Марко Рубио мисли дека американската администрација уште го формира своето мислење за тоа како САД треба да се справат со војната во Украина.

Полскиот премиер Доналд Туск денеска ја повика Европа итно да создаде план за Украина и за безбедноста на континентот, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат глобалните играчи да не е во согласност со европските интереси.

„На Европа итно ѝ треба план, сопствен план за акција во однос на Украина и нашата безбедност, инаку други светски играчи ќе одлучуваат за нашата иднина. И тоа не мора да значи дека ќе биде во согласност со нашите интереси“, апелираше премиерот на Полска, која претседава со ЕУ, на мрежата Икс.

Зачлени се на нашиот е-билтен