Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека е подготвен да започне дискусии за европската моќ на нуклеарно одвраќање, најавувајќи дека Франција може да помогне во заштитата на другите земји од ЕУ од безбедносната закана од Русија.
Макрон ја даде изјавата еден ден пред средбата на европските лидери во Лондон кои ќе разговараат за мировниот план за Украина.
Европскиот блок се соочува со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прифати руската дипломатија, но и со последиците од вербалниот судир меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и Доналд Трамп во Белата куќа.
По интервјуто за португалската телевизија РТП, Макрон денеска на својот профил „Икс“ објави дека европските лидери треба да започнат разговори доколку Европа сака „поголема автономија“ во сферата на одбраната и нуклеарното одвраќање.