Францускиот претседател Емануел Макрон денеска преку видео-конференција треба да ги информира лидерите на Европската унија за неговите разговори со американскиот претседател Доналд Трамп.
Конференцијата главно е наменета за подготовка за специјалниот самит на ЕУ в четврток следната недела. На самитот шефовите на држави и влади ќе разговараат како да одговорат на драстичната промена на курсот во американската политика за Украина.
Макрон беше првиот европски лидер што беше примен во Белата куќа од Трамп во неговиот втор мандат.
Макрон повика Европејците, кои беа изоставени од неодамнешните разговори за Украина меѓу американските и руските претставници, да бидат повеќе вклучени во преговорите.
Утре во Белата куќа се очекува и британскиот премиер Кир Стармер.