Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Макрон-Си: Франција и Кина имаат способност да ги надминат разликите

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг при што му порача дека „знае дека може да смета дека ќе ја вразуми Русија“, пренесува Гардијан.

Макрон, кој вчера пристигна во Кина во тридневна државна посета, беше пречекан со највисоки државни почести.

„Руската агресија во Украина и нанесе удар на стабилноста. Знам дека можам да сметам на вас да ја вратите Русија на страната на разумот и сите страни на преговарачката маса“, му рекол Макрон на Си.

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра важна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „кинеската подготвеност и посветеност за решавање на конфликтот“.

Макрон во Пекинг е придружуван од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој рече дека „сака да биде гласот што ја обединува Европа“ по прашањето за Украина, а неговото патување во Кина со шефицата на ЕК „дополнително ја нагласува конзистентноста на таквиот пристап“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, пак, изјави дека „Кина и Франција имаат способност и одговорност да ги надминат разликите и ограничувањата во време кога светот минува низ длабоки историски промени“, пренесуваат државните медиуми во Пекинг.

„Кинеско-француските односи задржаа позитивен и стабилен моментум“, рече Си на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг.

Како што пренесува кинеската новинска агенција Синхуа, двајцата лидери се сретнале во Големата сала на народот, во центарот на Пекинг.

Зачлени се на нашиот е-билтен