„Манделсон–Епштајн“, најголем политички потрес во Британија во последните 100 години

Епштајн
Simon Dawson / No 10 Downing Street

Британскиот премиер сер Кир Стармер се соочува во најтежок политички предизвик од почетокот на својата кариера и според многумина аналитичари, се најде во најголем политички скандал во Британија во последните сто години.

Поводот е назначувањето на поранешниот високорангиран политичар Лорд Петер Манделсон за амбасадор на Обединетото Кралство во САД, откако е откриено дека тој имал долги врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, кои вклучувале финансиски трансакции и можни споделувања на доверливи информации.

Најмалку едно полициско истражување веќе е во тек, а Манделсон поднесе оставка од Домот на Лордовите додека британскиот парламент.

Проблемот избувна откако новообјавени документи на американското Министерство за правда открија ека Манделсон одржувал контакти со Џефри Епштајн дури и по неговата осуда за сексуални злосторства, примил значителни суми пари поврзани од Епштајн (75.000 долари), и, најпроблематичното, според извештаите, разменувал чувствителни, економски и, можеби, државни тајни, со, сега веќе починатиот, педофил Епштајн.

Стармер знаел за врските на Менделсон со Епштајн

Стармер призна дека бил информиран за врските пред назначувањето на Менделсон за амбасадор, но тврди дека бил излажен за нивното вистинско значење и длабочина. Тој јавно се извини за својата одлука и за тоа што им поверувал на објаснувањата што му ги дал Манделсон.

Лорд Петер Манделсон е поранешен високорангиран политичар во Лабуристичката партија, близок соработник на поранешни лидери и фигура со долга, иако контроверзна историја, во британската политика. Неговото име веќе било поврзувано со политички скандали, но новите откритија со Епштајн ги преминаа границите на британската толеранција за вакви скандали.

Назначувањето на Манделсон за амбасадор во Вашингтон во 2024 година наиде на критики од почетокот не само поради неговите поврзаности со Епштајн, туку и поради критиките на процесот на верификација и политичките мотиви зад изборот.

Реакции и политички притисок

Контроверзијата доведе до интензивни критики од опозицијата и медиумите, барања за гласање доверба во парламентот и притисок врз Стармер да ги објави сите документи и комуникации поврзани со Манделсон.

Дел од политичарите и парламентарците дури тврдат дека ова прашање може да предизвика крај на премиерската кариера на Стармер и на сериозно разнишување на неговата партија, додека други велат дека улогата на партнерите во Владата и промените во тимот на Стармер може да ја спасат ситуацијата.

Сепак, овој скандал не е само уште една политичка афера. Скандалот длабоко ја разнишува довербата на јавноста во институциите и премиерот и покренува прашања за безбедносната и кадровската политика на владата.

Чекот понатаму е да предизвика судски и правни проверки за тоа дали биле прекршени законски одредби за државни информации

Доколку истрагите утврдат дека владините процедури биле занемарени или злоупотребени, ова може да отвори пат за нови избори, после ваков скандал што историски преседан во британската политика. Според коментаторите што го оценуваат овој случај ова најсериозен скандал во последниот век во Обединетото Кралство.

Зачлени се на нашиот е-билтен