Маск и Дуров ќе ја бранат слободата на говорот преку „Икс“ и „Телеграм“

Извршните директори, Илон Маск и Павел Дуров, познати по нивните ставови за слободата на говорот, ги обединиле своите сили на нов проект. Најновиот AI четбот на компанијата Икс, која е во сопственост на Маск, сега е интегриран во популарната апликација за шифрирани пораки – Телеграм. Корисниците кои сакаат да го користат Грок четботот на Телеграм ќе мора да бидат премиум претплатници на оваа платформа.

Оваа соработка не е изненадување, бидејќи Маск, сопственик на Икс, веќе го поддржал Павел Дуров, извршниот директор на Телеграм, кога тој беше уапсен во Франција минатата година. Двајцата се познати по тоа што често истакнуваат значењето на слободата на говорот, што повеќе пати го нагласиле на социјалните мрежи и на јавни настапи.

Покрај тоа, Маск неодамна ја продаде својата социјална мрежа “Икс” на својата компанија за вештачка интелигенција “xAI” во договор вреден 33 милијарди долари. Иако двете компании се во приватна сопственост, што значи дека не се бара од нив да ги откриваат своите финансии, Маск објави дека овој потег ќе овозможи спојување на напредни способности за вештачка интелигенција со широкото влијание на Икс. “Оваа комбинација ќе отклучи огромен потенцијал”, изјави Маск, нагласувајќи дека вредноста на “xAI” ќе биде 80 милијарди долари, а на “Икс” 33 милијарди долари.

Маск претходно ја купи социјалната мрежа која некогаш се викала Твитер за 44 милијарди долари во 2022 година, при што го промени политиката за говорот на омраза, дезинформациите и верификацијата на корисниците.

Зачлени се на нашиот е-билтен