Маж и жена биле јавно казнети со 100 удари со стап во Индонезија поради вонбрачен секс

Маж и жена беа јавно удирани со стап 100 пати во конзервативната индонезиска покраина Ачех, откако беа прогласени за виновни за сексуален однос надвор од бракот од страна на суд кој работи според строгиот исламски закон.

Сексуалните односи меѓу невенчани парови се забранети во Ачех, кој спроведува специфична верзија на шеријатот, исламскиот закон.

Индонезија го забрани сексуалниот однос надвор од бракот во својот најнов кривичен законик од 2022 година, но законот нема да стапи во сила до следната година.

Мала толпа го гледаше јавното линчување во парк во главниот град на покраината Банда Ачех. Жената беше претепана од друга жена, објави АФП.

Тројца други „осомничени“ беа удирани со камшик вкупно 49 пати за онлајн коцкање и пиење алкохол.

Зачлени се на нашиот е-билтен